Вуди Ален бара 68 милиони долари отштета од „Амазон“

Вуди Ален бара 68 милиони долари отштета од „Амазон“
Филмскиот режисер Вуди Ален, покрена правна постапка против компанијата „Амазон Студиос“ затоа што го прекришла договорот одбивајќи да го дистрибуира неговиот најнов филм.

Тој бара повеќе од 68 милиони долари отштета, наведувајќи дека компанијата отстапила од договорот без причина.

„Амазон“ до сега издадоа два филма на Ален и ја дистрибуираа неговата ТВ серија, но го отфрли неговиот најнов филм "A Rainy Day in New York".

Од „Амазон Студиос“ немаат коментар за случајот.

Судејќи спрема обвинението кое Ален го поднесе вчера, во Њујорк, „Амазон“ го прекршил договорот лани во јуни, и тоа поради обвиненијата против легендарниот режисер дека ја злоставувал својата ќерка.

Потсетуваме, на четирикратниот добитник на Оскар, лани му се ставаше на товар дека повеќе од 25 години ја злоставувал својата посвоена ќерка. Тој ги отфрли сите обвиненија.

Но, Ален вели дека од „Амазон“ уште пред потпишувањето ан договорот биле упатени во „неоснованите обвиненија против него“.

"A Rainy Day in New York" снимен е во 2017 година, а во него глумат Џад Лоу, Ребека Хал, Селена Гомез и Тимоти Шаламет.

Споделување со вашите пријатели: