Бинош: Правосудството нека одработи за случајот Вајнштајн

Бинош: Правосудството нека одработи за случајот Вајнштајн
Француската актерка, оскаровката Жилиет Бинош ја повика денеска јавноста во случајот на холивудскиот филмски продуцент Харви Вајнштајн да му дозволи на „правосудството да ја сработи својата работа“ и порача дека не треба да се заборави дека тој беше „одличен продуцент“.

Жилиет Бинош изјавата ја даде на Берлинскиот филмски фестивал, каде е претседател на жирито, пренесе АП.

Ѕвездата на филмовите „Чоколадо“ и „Англиски пациент“ нагласи дека никогаш немала проблеми со Вајнштајн, иако, како што рече, можела да забележи дека тој има проблем.

Таа на новинарите им рече дека многу луѓе го кажале своето мислење за Вајнштајн и дека мисли оти сега „правосудството мора да ја сработи својата работа“.

Повеќе од 36 жени јавно го обвинија Вајнштајн, кој ги отфрли обвиненијата за секс без доброволна согласност.

Федералниот суд во Лос Анџелес, во јануари, ја отфрли тужбата за сексуално вознемирување кое го поднесе актерката Ешли Џад против холивудскиот филмски продуцент.

Споделување со вашите пријатели: