Ужас во Бразил: Десет младинци на Фламенго загинаа во пожар

Ужас во Бразил: Десет младинци на Фламенго загинаа во пожар
Десет членови на младата селекција на бразилскиот гигант Фламенго загинаа во пожар што изби утрово во тренинг-кампот во Рио де Жанеиро. Пожарот пламнал во 5.10 часот по локално време додека играчите спиеле во клупскиот камп. Пожарникарите ги изгаснаа пламените јазици дури по два часа. Причината за пожарот не е позната.

Споделување со вашите пријатели: