Наполи ќе потроши 200 милиони евра за трансфери во текот на летото

Наполи ќе потроши 200 милиони евра за трансфери во текот на летото
Калчолигашот Наполи ќе потроши околу 200 милиони евра за трансфери во текот на летото, објави „Тутоспорт“.

Клубот од Неапол сака да стане конкурентен во борбата за трофејот и конечно да го симне од врвот Јувентус кој доминира во италијанскиот фудбал.

За да го дополни буџетот, Наполи планира да продаде неколку фудбалери, меѓу нив и капитенот Марек Хамшик, Дрис Мертенс и Алан Маркез.

Наполи во моментов е на второто место во Серија А 51 бод по 22 кола. Лидер е Јувентус со 60 бода.

Споделување со вашите пријатели: