Висок пораз за МЗТ Скопје на гостувањето кај Динамик

Висок пораз за МЗТ Скопје на гостувањето кај Динамик
Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром претрпе убедлив пораз вечерва на гостувањето кај Динамик во 19.коло од АБА 2-лигата.

Домаќините победија со 98:75, благодарение на 15 скокови повеќе (40:25) 14 асистенции (26:12) и помалку изгубени топки (10:16).

Најефикасен во составот на Ѓорѓи Кочов беше Вудард со 26 поени, но со еден расположен играч не може да се победи екипа каква што е Динамик.

За МЗТ ова беше шести пораз, за Динамик 11 победа. До крајот на основниот дел од лигата остануваат уште три кола.

Води Приморска со 37 бода, Спарс има 33, Мзт Скопје Аеродром 32, Динамик, 30, Сутјеска 30, Борац 29.

Споделување со вашите пријатели: