Меркел: Можно е решение за Брегзит и без нови преговори

Меркел: Можно е решение за Брегзит и без нови преговори
Германскта канцеларка Ангела Меркел денеска изјави оти верува дека е можно изнаоѓање решение околку спорната одредба за „ирската граница“ во Договорот за Брегзит и без одржување нови преговори за веќе договорениот текст.

– Велика Британија и останатите 27 членки на ЕУ имаа заедничи интерес за Брегзит со договор, изјави Меркел во Братислава, каде присуствува на средбата на премиерите на земјите од Вишеградската група – Полска, Словачка, Унгарија и Чешка.

Таа нагласи дека до предвидениот датум за истапувањето на Велика Британија од ЕУ – 29 март, има 50 дена „кои не се многу, но исто така не се ни малку, во завиност како се гледа на работата“.

– Во интерес на сте нас, тука ги имам предвид и британскиот Парламент и британската Влада со премиерката Тереза Меј, но исто така и нас останатите, е да имаме Брегзит со договор. Тоа е најдобро за сите, додаде Меркел.

Меј денеска престојува во Брисел на средби со лидерите на ЕУ во обид да издејствува промени во Договорот за Брегзит во делот кој се однесува на границата меѓу Република Ирска и британската покраина Северна Ирска. Со сегашните одредби од Договорот предвидено е „ирската граница“ да остане отворена како што е и сега и за време на преодниот период по Брегзит, предвиден за 29 март.

Противниците на ваквото решение во Лондон, пред се од редовите на Конзервативната партија на премиерката Меј, сметаат дека таа одредба би можела Велика Британија „да ја задржи предолго врзана за ЕУ, па дури и бесконечно“.

Осврнувајќи се на ова прашање, Меркел нагласи дека ЕУ мора да го заштити интегритетот на својот внатрешне пазар, но и интересите на нејзината членка Ирска.

– Верувам дека можеме да најдеме решение без одново отворање на договорот за Брегзит, порача Меркел.

Лидерите на ЕУ ја отфрлаат можноста за нови преговори, нагласувајќи дека договорената одредба за „ирската граница“ е „единственото можно решение“ и „балансиран компромис, што претставува добро решение за граѓаните и бизнисите на двете страни“.

Ваквиот став денеска го повтори и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер на средба со Меј, нагласувајќи дека ЕУ нема да прифати „повторно отворање“ на Договорот за Брегзит, но дополни дека се можни промени во анексот, што е во форма на политичка декларација.

Споделување со вашите пријатели: