На Трамп не му оди со географијата

На Трамп не му оди со географијата
Американскиот претседател Доналд Трамп погрешно изговори имиња на две земји - Непал и Бутан - на состанокот со разузнавачките служби, пренесува Б92.

Како што јави дописникот на Си-ен-ен, Џон Волкот, Трамп го нарече Непал, „Нипл“ (Nipple - брадавица) на состанокот со разузнавачите, додека Бутан „Батн“ (Button - копче). Тој, исто така, за двете земји рече дека се дел од Индија.

„Прво нешто е незнаењето на претседателот. Тоа доаѓа до точка каде што смета дека Непал и Бутан, кои ги нарече 'брадавица' и 'копче', всушност се дел од Индија“, рече Волкот.

„Чекајте, тој навистина го рече тоа“, рече Брук Болдвин, водителка на Си-ен-ен.

„Навистина“, одговори Волкот.

Споделување со вашите пријатели: