(ВИДЕО) Ироничниот аплауз на Пелоси за Трамп

(ВИДЕО) Ироничниот аплауз на Пелоси за Трамп
Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, не беше воодушевена од она што американскиот претседател Доналд Трамп го кажа во годишното обраќање кон нацијата.

За време на говорот на Трамп, таа често ја проверуваше копијата од говорот на претседателот, правејќи гримаси на одредени делови од обраќањето, пишува њујоршката агенција Блумберг.

Кога Трамп рече: „Состојбата на нашата нација е силна“, Ненси Пелоси само малку ја заниша главата во несогласување. Таа видно се смееше кога Трамп рече дека обидите за „смешни партиски истраги" би можеле да му наштетат на напредокот на САД.

Инаку, денеска во американските медиуми главна тема е начинот на кој Пелоси му аплаудираше на Трамп откако го заврши говорот.

Споделување со вашите пријатели: