Добитник на Нобелова награда обвинет за сексуален напад

Добитник на Нобелова награда обвинет за сексуален напад
Активистка за нуклеарно разоружување го обвини за сексуален напад поранешниот претседател на Костарика и добитник на Нобелова награда за мир Оскар Ариас.

Ариас демантира дека се случило такво нешто, истакнувајќи дека никогаш во животот не направил нешто против волјата на некоја жена и тврди дека за време на неговата кариера постојано се борел за родова рамноправност.

Политичарот беше претседател на Костарика во два мандати: првиот пат од 1986 до 1990 година, а вториот пат од 2006 до 2010 година. Нобелова награда за мир доби во 1987 година поради неговите напори да стави крај на граѓанските војни во Централна Америка.

Жената која го обвини за сексуален напад тврди дека нападот се случил за време на деловен состанок на 1 декември 2014 во домот на Ариас во Сан Хосе.

Кабинетот на државниот обвинител на Костарика потврди дека е примена кривична пријава против лице кое се презива Ариас поради можен сексуален престап, но одби да открие повеќе информации.

– Никогаш не сум се однесувал без почит кон некоја жена, а уште помалку сум ја нарушил слободата на жените во однос на некое друго лице. За време на своено јавно работење секогаш јавно ја промовирав половата еднаквост како неопходен предуслов за праведност и еднаквост во општеството, изјави добитникот на Нобеловата награда за мир.

Споделување со вашите пријатели: