Престрелка близу седиштето на холандската централна банка

Престрелка близу седиштето на холандската централна банка
Холандската полиција вечерва ликвидира вооружен напаѓач за време на престрелка во близина на седиштето на централната Банка на Холандија (ДНБ) во Амстердам.

Како што јавија холандските медиуми, повикувајќи се на изјави на очевидци, во близина на седиштето на ДНБ дошло до престрелка меѓу полицијата и вооружен маж, кој притоа бил убиен.

Полицијата го блокира реонот околу местото на инциднетот, каде пристигнале неколку амбулантни возила.

Засега нема официјално полициско соопштение за настанот.

Споделување со вашите пријатели: