Боатенг: Играњето во тим заедно со Меси е магично

Боатенг: Играњето во тим заедно со Меси е магично
Во пресрет на вечерашното „Ел Класико“ во полуфиналето на шпанскиот куп, фудбалерот на Барселона, Кевин-Принс Боатенг ја пофали играта на неговиот тимски колега Лионел Меси.

– Играв против Меси. Тоа е една од најтешките работи во фудбалот. Но, ако играте во истиот тим со него, тогаш тоа е неверојатно. Магично е. Целосно треба да ја цениме неговата вештина. Тој може да го одлучи за исходот на натпреварот. Она што може да го направи е неверојатно. Играње со него во сегашната фаза од мојата кариера е исполнување на сонот, изјави Боатенг.

Натпреварот Барселона – Реал Мадрид се игра вечерва со почеток во 21 часот.

Настапот на Меси на овој дуел е неизвесен поради повреда.

Споделување со вашите пријатели: