Заборавени славни љубовни двојки

Заборавени славни љубовни двојки
Љубовниот живот на ѕвездите од филмската и музичката индустрија се полни со перипетии. Ретки се оние на кои врската или бракот им траат и денес без никакви пропратни скандали.

Некои од тие заборавени парови се Хелен Мирен и Лијам Нисон кои во една прилика додека гостувале емисија на британскиот ТВ водител Грахан Нортон се потсетиле на својата врска која трела пет години.

Хелен тогаш изјавила дека биле сериозна двојка, а Лијам признал дека се вљубил во неа додека се снимал филмот „Екскалибур“

Пред бракот со Џенифер Анистон, холивудскот заводник Бред Пит беше во врска со многу славни дами меѓу кои и Гвинет Палтроу, а една од најдолгите врски му била со Џулијет Луис.

Славниот глумец Том Круз наводно бил скршен кога го напуштила Пенелопе Круз после три години врска. По крахот од врската Том се вљуби во Кејти Холмс и се ожени со неа, но и тој брак не траеше.

Бурен љубовен живот има и глумецот Рајан Рејнолдс. Денес тој е во брак со Блејк Лајвли со која има две деце. Пред тоа беше во краток брак со Скарлет Јохансон, а многумина имаат заборавено дека пред бракот со Скарлет беше свршен со пејачката Аланис Морисет.

 

 

 

 

Споделување со вашите пријатели: