Меј: Непоколеблива сум, без тврда граница меѓу двете Ирски

Меј: Непоколеблива сум, без тврда граница меѓу двете Ирски
Британската премиерка Тереза Меј изјави дека е „непоколеблива“ нејзината посветеност да не додје до примена на таканаречената „тврда граница“ меѓу двете Ирски.

Меј вчера во Белфаст рече дека дека многумина во Северна Ирска и Република Ирска се загрижени, откако британските пратеници го отфрлија договорот за Брегзит.

Би-Би-Си потсетува дека клучниот камен на сопнување е таканаречениот „бекстоп“, односно да се задржи отворена граница на островот во  случај Велика Британија да излезе од ЕУ без договор.

„Бекстоп“ е, имено, своевидна безбедносна мрежа која гарантира дека нема да има „тврда граница“ меѓу двете Ирски, дури и ако Британија излезе од ЕУ без договор.

Споделување со вашите пријатели: