Хороскоп за среда

Хороскоп за среда
ОВЕН:

Сонцето и Меркур во Водолија ви ги отвораат ширум портите на светот и тој лежи на вашата дланка, како полуоткриена убавица со распослана коса на рамената. Чувствувате своевидна гордост или чест поради успехот и знаете дека тоа е добар начин за продолжување на вашата мисија. Време за храброст и оригиналност.

БИК:

Месечината во Риби ви покажува на суптилни начини да бидете потактични. Погледнете околу себе и видете ги ситните докази за постоење на повисоките димензии, како синхроницитети: тајна порака во шишето или број кој што се повторува. Каква порака содржат овие сигнали? Разбудете ја интуицијата и ќе се сетите на многу нешта.

БЛИЗНАЦИ:

Дали да останам или да си одам, е денешната слика на денот: идеи имате, но аспектите сугерираат дека треба да сте внимателни и да почекате подобро време. Не ги споделувајте сега сите информации и користете го времето размислувајќи како да ја продлабочите врската. Постојат атрактивни шанси, препуштете се!

РАК:

Венера во Јарец е ладна кон вас: кој се изгорел на млеко, велат и на јогурт ќе дува за да истине. Сега е добро зрело да ѝ погледнете на ситуацијата во очи и да не се криете зад капата на минатите подеми и падови. Најдете свеж начин да им понудите нешто на саканите и пренесете им сериозно дека ги разбирате. Вложеното ќе се врати.

ЛАВ:

Конечно работите го добиваат оригиналниот изглед и после долготрајна и макотрпна работа, денес заклучувате дека најтешкото е веќе зад вас. Сонцето во Водолија го подмладува вашиот дух и многу веројатно ќе најдете време да прославите честитајќи си на упорноста и истрајноста. Некој ви се смешка и срцето фаќа нов ритам.

ДЕВИЦА:

Денес е добро да ѝ се препуштите на интуицијата: Месечината во Риби ќе ви помогне да се справите со брзите промени, особено ако се опуштите и им дозволите на другите да контролираат. Слушајте го тапанчето на сопствениот ритам и замислете си најубави романтични случки. Дали знаете дека тие се изводливи?

ВАГА:

Ова се конфузни времиња, но нема потреба од нервоза и анксиозност. Повикајте се на своето внатрешно чувство за баланс и ќе сфатите дека пред вас се просперитетни шанси, со поволен финансиски исход. Секако, треба вредно да работите и Венера од Јарец ви ја дава таа поддршка. Не се откажувајте, сега има што да покажете.

СКОРПИЈА:

Разговори со луѓе на извршна позиција: балансирате внимателно, покажувајќи што сте научиле. Не ги повторувајте истите грешки, Месечината во Риби укажува да ги надминете валканите шеми со голема интуиција. Ако не, би можеле да се соочите со неочекуван пораз, што би можело да се одрази и дома. Резон!

СТРЕЛЕЦ:

Ако ја оставите водата доволно долго да се смири, ќе почнете јасно да ги гледате облиците во неа: ова е убав период, во кој што работите се враќаат во нормала. Бидете мудри, повлечете се повремено како був во своето дрво за да може да ја сфатите правилната димензија на настаните. Бидете фер и сè ќе биде во ред. Идеали.

ЈАРЕЦ:

Воспоставените контакти со далечните земји веќе носат свој плод: ова не е време за отстапување, туку за храбро бранење на својата кауза. Венера во вашиот знак ви дава идеја како да ги презентирате своите идеи и можеби ќе добиете и промоција. Суперсензуален период, затоа не го пропуштајте завивањето во ноќта!

ВОДОЛИЈА:

Сатурн и Плутон во Јарец ве повикуваат да се осврнете на непосредното минато и да ги коригирате нанесените повреди: на двете страни. Постои зрак на надеж и ако вешто ги користите своите комуникациски способности, ќе успеете онаму каде што не пошол никој пред вас. Потоа најдете време да се релаксирате и медитирате.

РИБИ:

Во центарот на необични збиднувања ќе треба да бидете храбри и во натпреварот да ги искористите своите најсилни страни. Одговорете убедливо и заштитете некој. Не мора цел свет да ужива во безредието што се случува, а да остане неповреден. Работите ќе се разјаснат, потребно им е малку време. Размислете за компензација.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]

 

 

Споделување со вашите пријатели: