АВМУ: Радијата можат да пријават емитување домашна музика до петок

АВМУ: Радијата можат да пријават емитување домашна музика до петок
Радијата можат да пријават емитување домашна музика во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) до петок (8 февруари).

Советот на АВМУ на вчерашната седница донел насоки со кои се утврдуваат роковите за пријавување, жанрот и времето за емитување музика.

– За доброволно пријавениот процент на домашна музика, односно за музика на македонски и на јазиците на етничките заедници, радијата ќе добијат намалување на надоместот за дозвола. Минималното намалување на надоместот по тој основ може да биде 10 проценти, а максималното 30 проценти, соопшти денеска АВМУ.

Пријавувањето се врши со доставување допис од радиодифузерот по електронски пат на [email protected] или во архивата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Насоките за доброволно пријавување на радијата за емитување домашна музика се достапни на веб страницата www.avmu.mk.

Споделување со вашите пријатели: