Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес?

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес?
ОВЕН:

Динамични времиња пријатели и од вас се бара да поработите на чувството за вкус: Венера во Јарец бара рафинираност, како и подготовка на амбициозни проекти, а Месечината во Водолија ќе ви ги донесе потребните контакти - интимни и професионални. Убав период за љубов и преземање на радикални, но хумани чекори.

БИК:

Во срцето на сите договори лежи искреноста: доколку не можете да го одржите дадениот збор, неминовно ќе дојде до разидување. Вклучени се повеќе страни, затоа е добро да бидете објективни и непристрасно дојдете до нова панорама. Честа, е објективно гледано, мислењето на другите за нас, а субјективно, нашиот страв од тоа мислење.

БЛИЗНАЦИ:

Средба со зрела личност, која што сака да инвестира во заеднички ангажмани. Време е да ја напуштите вербалната битка избирајќи го само највредното за себе. Светот има многу нешта да понуди, а Сонцето во Водолија ви дава мудрост со која ќе успеете да ги надминете рестрикциите. Можен е пат за кој добро треба да се подготвите.

РАК:

Планетите во Јарец укажуваат дека се соочувате со своевидни санкции: сега сте во состојба да го напуштите она место кое што ви беше од големо значење во животот. Доаѓа до промена во животниот стил и, иако сакате да покажете колку сте среќни и исполнети, сепак постои застој. Конфузни сте, но не е крај на светот. Опуштете се.

ЛАВ:

Млада Месечина во Водолија и шансите за просперитет растат: ова се моменти за трансформација, на духовен и материјален план. Сè уште може да ја поправите својата репутација, правејќи лични промени, чекор по чекор. Верувајте малку повеќе во себе и во судбината, без оглед на надворешните услови. Кураж.

ДЕВИЦА:

По малку таинствени, но сепак задоволни од себе, денес започнувате ново работно поглавје во оваа година: сега сте вредни и неуморни, сакајќи да го откриете својот креативен гениј. Имате поддршка од зрел господин, со огнен темперамент, кој ќе ви помогне да ја реставрирате својата сила. Успевате да се покажете во ново светло.

ВАГА:

Денес успевате да се вратите на сцена со нов сјај: знаете дека сте поддржани од повисоки небесни сили и сега зрело доминирате со ситуацијата. Венера во Јарец бара неколку одрекувања, но со време ќе успеете да ја покажете својата првична замисла. Шармирани од некоја страсна дама, се обидувате да си ја вратите самодовербата.

СКОРПИЈА:

Најверојатно се соочувате со нагли промени или очекувате промена, која што никако не доаѓа. Ова не е пријатна ситуација. Се отвораат нови работни шанси, но ќе треба време за нивна имплементација. Она што функционираше во минатото, не функционира повеќе: повлечете се и внимавајте на комуникацијата.

СТРЕЛЕЦ:

Венера во Јарец бара да станете сериозни и да ја смените тактиката: не мора да објавите сè што знаете, воздржете се малку, имајќи трпение како за себе, така и за другите. Време е за штедење и нова финансиска рамка, но не претерувајте во ригидноста. Би можеле да се соочите со незгода. Добро размислете за својата судбина сега.

ЈАРЕЦ:

Надминете го чувството на мачеништво сеќавајќи се дека моќта им е дадена на ретки: велат дека таа ги привлекува најлошите и ги корумпира дури и најдобрите. Единствено оние што се доволно храбри да се унижат, може да дојдат до неа. Култивирајте ја својата интуиција и нема да погрешите во ништо. Не откривајте сè.

ВОДОЛИЈА:

Можеби се соочувате со конфузна или горчлива ситуација и сте на некој начин одделени од блиските и пријателите. Нема потреба да туркате слепо напред, немајќи јасна претстава каде одите. Точно е дека имате сила и мотивација, но не и идеја. Потпрете се на советите на некоја интуитивна госпоѓа и коригирајте ги грешките. Успех.

РИБИ:

Имајте предвид дека ова не е време за чекање: брзата динамика бара да се реорганизирате, прегрупирате и направите инвентар за постигнатото. Бидете реални и објективни, согледувајќи го секое делче и отворете се за сугестиите на поблиската заедница. Портите на светот се широко отворени, бидете доволно мали и ќе минете.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]

Споделување со вашите пријатели: