Дизелот поскап за денар и половина од полноќ

Дизелот поскап за денар и половина од полноќ
Нафтените деривати од ноќеска по полноќ поскапуваат од половина до денар и половина, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Така, цената на еуросупер БС-98 се зголемува за 0,50 денари за литар и новата цена ќе биде 63,50 денари за литар. За еден денар поскапо ќе се продаваат еуросупер БС-95 и екстра лесното масло.

Малопродажната цена на еуросупер БС-95 ќе биде 62 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство 48,50 денари за литар. Дизелот се зголемува за 1,50 денари за литар во однос на цената утврдена пред две недели што значи дека од полноќ новата цена на дизелот ќе биде 60 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 се зголемува за 1,599 денари за килограм и ќе изнесува 31,121 денар за килограм.

Зголемувањето на цените на нафтените деривати се должи на зголемената цена на суровата нафта на светските пазари и на повисокиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период.

Споделување со вашите пријатели: