Никој не веруваше дека конечно ќе се смири: Две години голема љубов

Никој не веруваше дека конечно ќе се смири: Две години голема љубов
Иако многумина веруваа дека се работи за уште една куса врска на пејачката, тие прославија две години забавување.

Латино пејачката Џенифер Лопез и некогашниот безбол играч Алекс Родригез прославија две години љубов.

По тој повод пејачката на Инстаграм ги изрази своите чувства кон човекот со кој ја пронајде љубовта и не жали што не се сретнале порано.

„Две години смеа. ДВе години забава. Две години авантури, возбудувања, раст и учење, вистинско пријателство и полно љубов. Ти ми го разубавуваш мојот свет и правиш да се чувствувам сигурна и стабилна на сред нашите променливи животи.Крај тебе се чувствувам како тинејџерка која почнува од почеток. Секој пат кога ќе помислам дека сум те врзала за себе ти ме изненадуваш на најубав можен начин и ме потсетуваш колку сум благословена што сум те пронашла во точно овој момент, во ова време, наше време. Те сакам многу“, напиша Џеј Ло покрај нивната заедничка фотографија.

Тие станаа неразделни откако влегоа во врска. Заедно се појавуваат на сите познати настани и секојдневно вежбаат. ДВајцата имаат деца од претходните бракови и заедно го поминувата времето како вистинско семејство.

Споделување со вашите пријатели: