Хороскоп за понеделник

Хороскоп за понеделник
ОВЕН:

Утринава можеби се чувствувате веќе немоќни, измалтретирани и тажни, и можеби ќе треба да се одбраните од нешто преземајќи екстра внимателен став, за да им помогнете на најблиските. Младата Месечина во Водолија ќе ви донесе нови шанси да соработувате со некоја блиска личност и да ја покажете својата способност.

БИК:

Ова е време за повлекување и за медитација: бидете понизни и не обидувајте се да привлекувате внимание на вештачки начин. Точно е дека ги имате потребните алатки за остварување на своите амбиции, но ова не е време за брзи одлуки. Смирени и рационални, ќе дојдете до поволно решение, за кое може да сте наградени.

БЛИЗНАЦИ:

По малку немирни, денес одлучувате да ги преземете работите во своите раце: сакате да ги исправите неправдите во светот и да им помогнете на саканите со брзи и поучни совети. Знаете дека успехот е дете на смелоста и не се либите да ја кажете и својата страна од приказната. Она што го давате, ќе ви се врати широкоградо!

РАК:

Дел од проектите и емоционален багаж останува во минатото: можеби сте неволни, но планетите покажуваат дека ова е пат кој што мора да се мине за да влезете во нова димензија на постоење. Елиминирајте ги ситниците кои што го кочат вашиот развој и уживајте во среќата што ја очекувате одамна. Правете добро и ќе ви се врати.

ЛАВ:

Соочување со повеќе избори и ќе треба да избирате добро, на професионален и интимен план. Од една мрачна фаза, преоѓате во далеку посветла иднина. Можеби не го чувствувате тоа веднаш, но набрзо ќе има промени. Нема потреба да се плашите, продолжете храбро напред, не обрнувајќи внимание на дилемите.

ДЕВИЦА:

Најтемно е пред да зазори, затоа не брзајте: она што треба да се направи ќе се одвива по сопственото темпо. Изморени сте од ситничарење, лажно его и понизност, затоа одлучувате да преземете нешто и да си ја вратите славата што ви припаѓа во целост. Планетите во Водолија ќе ве доведат до егзекутивна позиција.

ВАГА:

Веќе некое време се наоѓате во центарот на некоја провокативна ситуација и се обидувате да бидете што е можно понепристрасни. За да го постигнете саканиот интегритет, ќе треба да се повлечете на кратко за да ја реставрирате сопствената сила. Нема потреба да брзате во битка, туку добро проценете го својот капацитет.

СКОРПИЈА:

Некој би можел да ве нарече дека сте сестра во Црвен Крст: гледате да најдете прибежиште на неколку страни, покажувајќи ја својата припитомена природа. Онаа другата, ноншалантната и несериозна страна си ја чувате за себе. Сепак, бидете мудри и внимавајте на своето однесување, би можеле да бидете повредени: сами од себе!

СТРЕЛЕЦ:

Во обид да постигнете нешто, балансирате та дури и таму каде што не треба. Како да сте оптегната лулашка помеѓу две дрва, а на неа никој не се лула. Дали избрзавте во очите на јавноста? Има ли шанси да го повратите својот авторитет? Длабоко насекирани, не знаете како да ги инвестирате средствата. Почекајте и медитирајте сега.

ЈАРЕЦ:

Една фаза од животот завршува и започнува нова: ова е поволен период пријатели и не се навраќајте во минатото. Сега се отвора простор за нови работи и нема место за тензија. Ако сакате да уживате во успех, фокусирајте ја својата енергијата за комплетирање на работата. Без летаргија, добивате инфузија на свежа сила.

ВОДОЛИЈА:

Бидете храбри и простете се од минатото: бреговите кои што во животот ги минуваме најтешко, се обично составени од песок. Бидете одлучни и не плашете се од жртвите, туку отстранете ги сите тешкотии за да постигнете победа. И туѓата неписменост го отежнува пишувањето, затоа дајте го најдоброто од себе!

РИБИ:

Со големо внимание им се посветувате на деталите, како птици што прават гнездо. Весели и необременети од ништо, продолжувате со исто расположение во новата работна недела. Верувајте дека се приближувате кон помирни води: не чудете се што ги гледате луѓето дека се зли, туку прашајте се зошто тие не размислуваат за тоа.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]

Споделување со вашите пријатели: