Поранешен српски репрезентативец во ракомет изврши самоубиство

Поранешен српски репрезентативец во ракомет изврши самоубиство
Поранешниот српски ракометен репрезентативец Новак Бошковиќ (29) изврши самоубиство, пишува српски „Блиц“.

Како што неофицијално дознава весникот, Бошковиќ си пукал во глава од пиштол што го поседувал со дозвола. Во тој момент во станот била неговата сопруга, а мотивот за самоубиството ќе биде познат по завршување на истрагата.

Бошковиќ играше на позицијата десен бек, а во последната сезона настапуваше во Израел.

Кариерата ја започна во родниот град Црвенка, а исто така има играно и за Врбас, Прибој, словенечки Копер, унгарски Татабања, Динамо Букурешт...

Бошковиќ беше член на српската репрезентација на Европското првенство во ракомет во 2016 година.

Споделување со вашите пријатели: