(ВИДЕО) Подигнувајќи ја наградата од „Санденс“ апелираа: Решете го загадениот воздух во Македонија!

(ВИДЕО) Подигнувајќи ја наградата од „Санденс“ апелираа: Решете го загадениот воздух во Македонија!
Македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Љубо Стефанов и Тамара Котеска синоќа триумфираше на доделувањето на наградите на најпрестижниот фестивал на независен филм „Санденс“.

Подигнувајќи ја наградата на најдобар филм, продуцентот Атанас Георгиев упати апел да се реши проблемот со загадениот воздух.

Погледнете го видеото, како нашите филмаџии мораше трипати да се качат на сцена за да ги подигнат сите награди што им ги доделија.

Споделување со вашите пријатели: