Бијонсе и Џеј Зи даваат доживотни карти за концерти за фановите вегани

Бијонсе и Џеј Зи даваат доживотни карти за концерти за фановите вегани
Пејачките ѕвезди Бијонсе и Џеј Зи на своите фанови им даваат доживотни влезници за концерти во замена за едномесечен премин на веганска исхрана.

Пејачката го отвори ова нтрпеварување на Инстаграм, каде има 123 милиони следбеници, во знак на поддршка на проектот Гринпринт, кој ги охрабрува луѓето да го намалат своето негативно влијание на околината така што ќе усвојат прехрана втемелена на состојки од билно потекло.

Бијонсе вети дека за појадок ќе јаде се на билна база, а дека во понеделник нема да јаде месо, додека Џеј Зи вети дека ќе јаде два оброка дневно од растително потекло.

Тие решија да ги наградат и своите обожуватели па во натпреварот ќе доделат билети за нивнните концертни турнеи за следните 30 години.

Споделување со вашите пријатели: