Хороскоп за петок

Хороскоп за петок
ОВЕН:

Можеби патот пред вас е долг и неизвесен, но некој треба да го повлече првиот чекор: ако треба да појдете некаде или треба да се претставите пред претпоставените, направете го тоа опуштено и со леснотија. Венера и Јупитер од Стрелец го потенцираат вашиот шарм и хумор, откривајќи ви нова слика за настаните. Буџет.

БИК:

Иако би сакале да се влечкате, да работите по сопствено темпо и расположение, сега е време да се повлечете за да разберете што се случува во заднината. Нема потреба да сте во водечка улога, искористете ја Месечината во Јарец и проучувајте нешто што ќе го билда вашиот дух. Уживајте во ретките моменти на самотија.

БЛИЗНАЦИ:

Иако сакате да дејствувате и веќе правите сè што можете да им помогнете на помалку среќните од вас, сега е време да најдете време за себе. Потребно ви е патување или одмор, како и забава со луѓе различни од себе. Не губете надеж сега пред крај, опуштете се и потрошете некој денар. Купете си нешто убаво и почестете некој.

РАК:

Денес сте по малку крути и дури во дефанзивна позиција: неколку незгодни аспекти бараат од вас да се приспособите, како да сте капетан на брод кој што знае кога е време да го истакне знамето, а кога треба да го повлече. Мора да ја знаете и својата улога во сето ова, кому праќате љубовни стрели веќе некое време? Страст.

ЛАВ:

Денес е ден кога ќе ги покажете своите креативни идеи, но може да се соочите со неколку тешкотии и одолговлекувања. Без страв пријатели, тоа не личи воопшто на вас! Покажете ја својата атрактивна личност и ќе бидете сослушани. Планетите во Водолија ја откриваат оригиналната замисла и нејзината вредност. Прогрес.

ДЕВИЦА:

Ова е време да се адаптирате на постоечката ситуација, ако нешто повеќе нема сјај, време е да ја смените физичката реалност. Пред вас се поволни шанси, верувајте си повеќе и минете го овој мост. Перспективи има, но тајмингот не е поволен, затоа ќе сочекате. Додека чекате, изучувајте нешто со хумана природа. Истражувајте.

ВАГА:

Средба со некој од потесното семејство, како и задоволство поради постигнатиот успех. Некои ви се воодушевуваат, другите пак ви се чудат, но секако вие уживате во својата слава. Издигнете се над секоја ситуација и ќе дојдете до просперитетни финансиски шанси. Необични партнерства и динамични времиња. Среќа.

СКОРПИЈА:

Венера и Јупитер во Стрелец го подгреваат вашето расположение и сега сте како дете кое што си игра со змеј на ветрот. Оваа занесеност не е со трајна природа, ќе треба да се спуштите сфаќајќи дека треба да научите уште една работа или две за да го постигнете саканиот статус. Вашите напори не се залудни. Финансиски фидбек.

СТРЕЛЕЦ:

Ова е момент за вистина, не може вечно да се кријат работите под тепих и сите да се прават дека не знаат што се случило. Сатурн во Јарец бара одговорност и добро ќе биде ако побрзате да ги исправите нанесените грешки и повреди. Секако, спремете се добро пред да започнете било што. Загрејте се, а потоа стапете во рингот.

ЈАРЕЦ:

Атрактивна личност го окупира вашето внимание, дали е ова тајна? Прекрасни моменти на ух и ах, со Месечината во овој знак. Нема потреба да се борите со сенки од минатото, набрзо доаѓате до важни информации. Тивка искра ви грее во срцето, негувајте ја со надеж. Вперете ги очите кон хоризонтот и избирајте каде ќе отпатувате.

ВОДОЛИЈА:

Нема потреба од ситничарење или премногу штедливо и резервирано однесување, ова се динамични времиња и кој успее да направи промени со време, ќе има за што да раскажува! Марс и Уран од Овен ја ве храбрат да преземете директна акција и да покажете од што сте направени. Чии бои ги носите?

РИБИ:

Убави аспекти со планетите од Јарец велат дека се ближите до помирни води, како кану кое се приближува до брегот. Од вас ќе се бара да застапувате храбро некоја идеја и, иако сте преморени, ќе успеете да го изразите својот креативен гениј. Време за романса со некоја зрела, креативна и мистериозна личност.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]

Споделување со вашите пријатели: