Дебакл на Рома во Фиренца

Дебакл на Рома во Фиренца
Фиорентина ја победи Рома со неверојатни 7:1 вечерва во натпревар од четвртфиналната фаза во фудбалскиот Куп на Италија.

Хет-трик во клубот од Фиренца постигна Федерико Киеза, двоен стрелец беше Диего Симеоне, а по еднаш погодија Луис Муриел и Марко Бенаси.

Голот за Рома го постигна Александар Коларов.

Римјаните од 72. минута играа со фудбалер помалку поради директниот црвен картон на Един Џеко.

Во полуфиналето Фиорентина ќе игра со победникот од дуелот Аталанта – Јувентус.

Споделување со вашите пријатели: