МЗ: Нема опасност од зараза со МРСА

МЗ: Нема опасност од зараза со МРСА
Министерството за здравство информира дека нема опасност од зараза со бактеријата МРСА, откако таа е пронајдена кај еден од вработените на Универзитетски стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“ – Скопје.

– Во установата се преземени сите мерки за дезинфекција и изолирање на бактеријата. Вработениот кај кој е потврдено присуство на  бактеријата е изолиран и не доаѓа на работа. Превентивно, извршена е комплетна дезинфекција на просториите на катот каде вработениот работел, а во тек е дезинфекција и на сите простории, информира  Министерството за здравство.

Веќе се вршат превентивни прегледи и на останатите вработени во установата.

Од Министерството за здравство нагласуваат дека нема опасност од зараза и Стоматолошкиот клинички центар непречено и континуирано обезбедува здравствени услуги за пациентите.

Споделување со вашите пријатели: