Хороскоп: Што велат ѕвездите за среда?

Хороскоп: Што велат ѕвездите за среда?
ОВЕН:

Месечината во Стрелец и ова е ден за договори: можено е да бидете повикани на состанок, дури и зад затворени врати, каде што ќе се споделат важни информации. Пред вас се отвораат убави шанси, а Сонцето во Водолија ве повикува на објективност. Бидете искалкулирани, но не и бесчувствителни. Без горчина.

БИК:

Времето на несигурност и болка останува во минатото: сега можете зрело да ѝ погледнете на ситуацијата во очи и да се повлечете за да ѝ се заблагодарите на судбината затоа што сте нејзин миленик. Ова е шанса да научите нешто и станете посилни, напредувајќи во својот свет како самовила на месечевата светлина. Нови идеи.

БЛИЗНАЦИ:

Се чувствувате остарено обидувајќи се да ги сфатите мистериите на животот. Сепак, не се повлекувајте сега, бидете истрајни и најдете го вистинскиот баланс. Можеби не знаете што ве очекува набрзо, но ова е вистинскиот тајминг да се активирате и да се спремите со време. Обидете се да ги надминете силните емоции. Визија.

РАК:

Нема потреба да се залетувате пријатели, денес работите ќе се одвиваат по сопствено темпо, особено оние кои се во напредната фаза. Точно ќе може да го откриете саканото или суштината на некоја работа и ќе добиете потврда за тоа. Кротете ја анксиозноста потенцирана од Марс во Овен и ќе минете неповредени.

ЛАВ:

Планетите во огнените знаци го зголемуваат вашиот ентузијазам: сега сте како Дедо Мраз кој брза да ги остави своите подароци. Повлечете се малку и почекајте, нема да постигнете ама баш ништо со такво темпо. Дури би можеле да бидете повредени или да бидете учесник во некој срамен чин. Разбудете се со време! Надеж.

ДЕВИЦА:

Доаѓате до израмнување и ќе може да ја кажете својата вистина. Сега веќе господарите со ситуацијата преку љубов и разбирање и имате енергија да ги пренесете пораките смирено. Месечината во Стрелец го бара вашето внимание дома: можеби ќе се договорите со саканите да ги поделите должностите. Време е за промена. Нов стил.

ВАГА:

Денес во фокус доаѓа вашиот карактер: со сомилосна и трпелива природа ќе им помогнете на многумина да ги надминат грубите зборови, како и горчината што се влечка зад тоа. Супер тајминг за претставување на своите проекти и инвестиции, како и на вашата велелепна природа. Како крал на пеперутките, правите промена.

СКОРПИЈА:

Сега ќе треба со голема умешност да ја трансформирате својата моќ и покажете супериорност: како пророк со превез кој што носи важни информации од повисоките светови. Мудро избирајте што ќе изговорите бидејќи зборот нема да може да го повлечете. Работите сè уште се во латентна фаза и нема потреба од депресија. Разум.

СТРЕЛЕЦ:

Не си дозволувајте да бидете водени од ниски страсти, Сонцето и Меркур во Водолија ве повикуваат на хумани решенија - сè уште има надеж! Фатете ги добро работите во своите раце, поклонувајќи му особено внимание на секој дел. Можеби треба да штедите, но не претерувајте претворајќи се во циција. Дајте и ќе ви се врати.

ЈАРЕЦ:

Динамично време пријатели, но се чини дека добро се држите: вашата кочија е водена од повисоки сили и успевате да се износите зрело со своите амбиции. Многу добро располагате со своите средства и давате каде што нема, одземајќи оттаму каде што има и отповеќе. Вашите напори не се залудни, важите за мудар пријател. Емпатија.

ВОДОЛИЈА:

Можеби презедовте должности кои ве натераа да потклекнете: добродушното пријателство се претвори во тиранија. Како да се исправи ова? Не седете немо во некое катче, туку размислете за една просперитетна шанса. Ова е време за опипливи резултати, како и за радикални чекори. Времето за нечесност завршува. Без плачење.

РИБИ:

Навремено се извлековте од неповолните услови и договори, но сега не гледајте повеќе назад. Научете како повремено да бидете аскет и повлечете се како волк самотник за да ги зацелите повредите. Во вас се раѓа нова мудрост, која може да ви го смени животот на поширок план - духовно и материјално. Време за трансформација.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]

Споделување со вашите пријатели: