Тевдовски: Клучно е да нема фискални ризици со поврат на ДДВ на граѓаните

Тевдовски: Клучно е да нема фискални ризици со поврат на ДДВ на граѓаните
Министерот за финансии Драган Тевдовски, по најавата од премиерот Зоран Заев дека од 1 јули годинава ќе има поврат на ДДВ за граѓаните, денеска изјави дека е најважно тоа да биде спроведено на правилен начин и да нема фискални ризици.

– За мене е најважно тоа да биде спроведено на правилен начин, сакаме да бидеме сигурни дека нема фискални ризици. Во моментов работиме на тоа, кога ќе ги имаме конечните детали, ќе ги споделиме со јавноста, изјави Тевдовски, одговарајќи на новинарски прашања.

Прашан за коментар на информациите дека на 12.000 лица не им се префрлани пари во вториот пензиски столб, Тевдовски рече дека е буџетирано се што било побарано за пензиската реформа за создавање одржлив пензиски систем и намалување на ризиците за исплата на пензиите за сегашни и идни пензионери.

Споделување со вашите пријатели: