СП во ракомет: ИХФ го прогласи идеалниот тим, Хансен МВП

СП во ракомет: ИХФ го прогласи идеалниот тим, Хансен МВП
Светската ракометна федерација (ИХФ), по завршувањето на мундијалот во Германија и Данска, го промовира идеалниот тим на шампионатот.

Новиот светски шампион Данска во своите редови ги има најкорисниот играч на СП 2019, Микел Хансен, како и најдобриот голман и среден бек.

Идеален тим на СП 2019

Голман - Никлас Ландин (Данска)

Лев бек - Сандер Сагосен (Норвешка)

Среден бек - Расмус Лауге (Данска)

Десен бек - Фабијан Виде (Германија)

Десно крило - Феран Соле (Шпанија)

Лево крило - Магнус Јондал (Норвешка)

Пивот - Бјарте Мирхол (Норвешка)

МВП и најдобар стрелец - Микел Хансен (Данска).

Споделување со вашите пријатели: