Мал концерт во чест на Тоше во Ресен

Мал концерт во чест на Тоше во Ресен
Лицата корисници на Општинско корисна работа и волонтери на Црвен крст – Ресен денеска изведоа мал концерт во чест на роденденот на Тоше Проески.

Концертот се одржа во заедничките простории на Хумана Преспа, Мобилност Битола, Демир Хисар, Ресен и Општинско корисна работа.

Волонтеррите од клубот на млади на општинската организација на Црвениот крст и корисници на Општинско корисна работа, како што информира секретарот на ресенскиот Црвен крст Наташа Веловска, пееја хитови од прерано починатата македонска ѕвезда Тоше Проески.

– Клубот на млади при Црвен крст Ресен во соработка со корисниците на Општинско корисна работа одлучија роденденот на нашиот Тоше да го прослават со еден мал концерт на кој беа изведени негови нумери, изјави Веловска.

Споделување со вашите пријатели: