Богдановиќ: Продолжува финансиската поддршка за двете читални

Богдановиќ: Продолжува финансиската поддршка за двете читални
Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ денеска ја посети читалната „Славко Јаневски“, каде донираше околу 100 нови книги.

– Сакам уште еднаш да потенцирам дека читалните не ги затвораме, како што имаше шпекулации во јавноста. Општина Центар не само што ќе продолжи финансиски да ги поддржува, туку и понатаму ќе работиме на збогатување на книжевниот фонд, изјави Богдановиќ.

Богдановиќ денешната прилика ја искористи и за да подели нови членски карти од читалните на дел од учениците од училиштето „Гоце Делчев“ за да тие и во иднина ги користат нивните услуги.

Споделување со вашите пријатели: