Оскари 2019: Лејди Гага испишува историја, Бредли Купер отпадна од трката за најрежисер

Оскари 2019: Лејди Гага испишува историја, Бредли Купер отпадна од трката за најрежисер
САД- Лејди Гага испишува историја на Оскарите. Таа е првата ѕвезда на која ѝ успеало во иста година да биде номинирана за најдобра актерка и за најдобра оригинална песна. Филмот „Ѕвездата е родена“ во кој игра заедно со Бредли Купер, кој е и режисер на остварувањето, заработи 8 номинации и тоа во главните категории.

Бредли Купер, досега не освои ниту една награда на претходните доделувања, како на пр.  на „Златните глобуси“, „Избор на критиката“,, САГ“, за разлика од Лејди Гага која ги освои наградите за најдобра песна „Shhalow“, и за најдобра актерка заедно со Глен Клоуз по „Избор на критиката“, додела Клоуз освои Златен глобус за најдобра женска улога. Купер, кој беше номиниран за најрежисер за „Ѕвездата е родена“ на „Златните глобуси“, во номинациите за Оскарот отпадна од оваа категорија.

И Никол Кидман ја нема меѓу номинираните за Оскарот за главна женска улога за разлика од Златните Глобуси, ниту Марго Роби во категоријата споредна женска улога, за разлика од Златните глобуси.

Трката за оваа престижна награда ја предводат филмовите “Roma” на мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон и “Favourite” на грчкиот режисер Јоргос Лантимос кои освоија по десет номинации.

Најважната ноќ во светот на филмот ќе биде одржана на 24 февруари во театарот Долби во Холивуд, а свечената церемонија оваа година нема да има домаќин, односно водител. Комичарот Кевин Харт требаше да ги води Оскарите, но поради хомофобичните коментари во минатото тој се откажа од таа улога.

Споделување со вашите пријатели: