СДСМ: Светот ги поздрави уставните измени, Мицкоски и Бачев се изолирани деструктивци

СДСМ: Светот ги поздрави уставните измени, Мицкоски и Бачев се изолирани деструктивци
Целиот демократски свет, Европската унија, САД, НАТО, Германија, Велика Британија, Европската комисија, Австрија и други го поздравија усвојувањето на измените на Уставот, честитаа на историската одговорност на пратениците и граѓаните и ја потенцираа нивната натамошна поддршка во процесот на интеграција во двата најмоќни сојузи во светот. Сами, без поддршка од граѓаните и целосно изолирани остана раководството на ВМРО-ДПМНЕ, Јанко Бачев и неговиот портпарол Христијан Мицкоски, соопшти СДСМ.

Во соопштението на партијата стои дека на страна на граѓаните, напредокот и иднината е целиот демкократски свет, прогресивните демократски сили во државата.

„Македонското едно општество се издигна над политките на изолација и поделби, идентитетот е загарантиран, а македонската иднина во ЕУ и НАТО е обезбедена, велат од СДСМ.

Споделување со вашите пријатели: