Официјална Тирана го поздрави изгласувањето на уставните измени

Официјална Тирана го поздрави изгласувањето на уставните измени
Официјална Тирана го поздрави усвојувањето на уставните измени изгласани од Собранието, со кои, како што се оценува, се официјализира името Република Северна Македонија.

Министерот за Европа и надворешни работи, Дитмир Бушати на Твитер напиша дека со финалното изгласување на Спогодбата од Преспа, на земјата и се отвора патот кон членството во ЕУ и во НАТО.

Според него, придонесот на албанските политички партии во Македонија уште еднаш се покажал како одлучувачки фактор.

– Конечното гласање на Преспанскиот договор во Парламентот на Македонија претставува јасна потврда на политичката способност за деблокирање на патот кон НАТО и ЕУ. Придонесот на албанскиот политички фактор повторно се покажа како одлучувачки фактор. Честитки!, напиша Бушати.

Албанските медиуми, без исклучок, експресно ја пренесоа веста за изгласувањето на уставните измени, нагласувајќи дека Република Македонија го менува името во Република Северна Македонија. Посебно го потенцираат придонесот на пратениците од политичките партии на Албанците, кои повторно се потврдиле како одлучувачки фактор за стаблноста на земјата.

Споделување со вашите пријатели: