Стоилов по победата над Јапонија: Треба да се подобриме во одбрана

Стоилов по победата над Јапонија: Треба да се подобриме во одбрана
Стојанче Стоилов, кој беше прогласен за играч на натпреварот во победата над Јапонија со 38-29, веднаш по мечот изрази задоволство од победата на стартот на Светското првенство, но изјави дека тимот треба да се поправи во одбраната.

– Денеска беше релативно лесно, но не беше баш така на терен. Задоволен сум од победата, во одбраната треба да поправиме многу работи. Против Бахреин сме фаворити, а потоа ќе видиме. Ќе одиме на се или ништо со поголемите репрезентации, изјави Стоилов.

Следниот натпревар на Мундијалот за нашата репрезентација е против Бахреин, во недела од 14 часот.

Споделување со вашите пријатели: