„Независните“ пратеници го прифатија договорот со Беса

„Независните“ пратеници го прифатија договорот со Беса
Преку заедничко соопштение на Владата и пратениците од новата пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и колицијата информираат дека го прифатиле договорот меѓу премиерот Зоран Заев и Беса на Билал Касами.

„Ја информираме јавноста дека со заедничко учество успеавме да постигнеме договор за конечноста на уставните амандмани и уставниот законик со што се обезбедува најмалку 2/3 мнозинство во Парламентот. Добивме максимално можно добар текст на уставните амандмани и уставниот законик за спроведување на договорот од Преспа со што уште еднаш се потврдува македонскиот идентитет, внатрешна примена на договорот од Преспа и стапувањето на сила на уставните амандмани. Уште еднаш потврдуваме дека државјанството е македонско/граѓани на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението.

Споделување со вашите пријатели: