(ВИДЕО) Идентификувани загинатите сноубордисти во Банско

(ВИДЕО) Идентификувани загинатите сноубордисти во Банско
Двете лица кои загинаа во снежна лавина на Банско се момчиња на 23 и 30 годишна возраст од Софија, јавува 24 часа.бг.

Л.Г. и Д.Д. се лицата кои сакале да се спуштат од врвот Тодорка на нерасчистена патека.

За жал, така ја предизвикале лавината од снег и завршиле трагично.

Трагедијата била пријавена во 11:28 часот по бугарско време, а спасувачките екипи се нашле на местото за 10 минути, но било предоцна.

Споделување со вашите пријатели: