Инцидент пред Собранието: Девојка која извикуваше дека е за НАТО, ја симнаа од бина

Инцидент пред Собранието: Девојка која извикуваше дека е за НАТО, ја симнаа од бина
За време на протестот пред Собранието демонстрантите од „Македонија блокира“ истуркаа девојка која се обиде да зборува од бината, јавува Макфакс.

Девојката се качи на бината сакајќи да одржи говор, но демонстрантите на сила ја симнаа, по што ја влечеа и истуркаа подалеку од бината.

Таа извикувајќи „Јас сум за НАТО“ се обиде да се обрати пред присутните, но беше спречена од демонстрантите.

Споделување со вашите пријатели: