Мицкоски ги викна пратениците во партија за да не седат во Собрание

Мицкоски ги викна пратениците во партија за да не седат во Собрание
За денес попладне претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски свика седница на Извршниот комитет и состанок со пратеничката група на партијата. Во текот на денот, тие ќе бидат во постојано заседавање каде ке се разговара за актуелната состојба поврзана со уставните измени. Од партијата брифираат дека се вршат жестоки притисоци од власта и премиерот Зоран Заев за обезбедување мнозинство за гласање на уставните измени.

„Се гази демократијата и Заев, по секоја цена, спротивно на волјата на граѓаните тргнал кон промена на името. Заев е уплашен човек, всушност, операцијата за промена на името станува операција за спас на неговата кариера. Националното обезличување станува негов врвен приоритет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. (Г.А.)

Споделување со вашите пријатели: