Поради поројните дождови во Сирија речиси 11.000 деца живеат во катастрофални услови

Поради поројните дождови во Сирија речиси 11.000 деца живеат во катастрофални услови
Тешките зимски услови и поројните дождови во северозападната сириска провинција Идлиб оставија речиси 11.000 раселени сириски деца во катастрофални услови, предупреди денеска хуманитарна органзиација „Спасете ги децата“.

Според организацијата, поројните дождови предизвикале поплави во бегалски кампови.

– Хуманитарните претставници на терен укажуваат дека условите се многу тешки и опасни за илјадници деца кои живеат во шатори и недовршени објекти без прозорци и врати, се нагласува во соопштението на „Спасете ги децата“.

Заострувањето на судирите меѓу вооружените групи во изминатите недели ја успори дистирбуцијата на хуманитарна помош во некои региони, вклучително и снабдувањето со шатори и облека за семејствата кои останаа без покрив над главите и се изложени на студено време, нагласува организацијата.

Во Идллиб според „Спасете ги децата“, има најголем број внатрешно раселени лица во светот во 317 кампови и центри за бегалци.

Споделување со вашите пријатели: