СДСМ: Се јави антизападниот агент Груевски, им напиша команди на неговите пиони Мицкоски и Бачев

СДСМ: Се јави антизападниот агент Груевски, им напиша команди на неговите пиони Мицкоски и Бачев
Се јави антизападниот агент Никола Груевски, им напиша команди на неговите пиони, Мицкоски и Бачев против Македонија. Кукавицата Никола Груевски, шефот на Мицкоски, Бачев и Иванов, дели наредби по социјалните мрежи, во очајни обиди да направи некаква штета на напредокот на земјата, на приближувањето кон ЕУ и НАТО, се вели во соопштението на СДСМ.

„Не останаа луѓе што ќе ги слушаат антимакедонските команди на Груевски. Командантот на насилствата и сценариото на 27-ми април бадијала се залажува, за граѓаните тој одамна е завршена приказна, дел од црното, темно минато кого го чека соочување со правдата. Немало поголемо зло што и се случило на Македонија и на сите нејзини граѓани од Никола Груевски и неговото криминално, режимско владеење. Тоа граѓаните многу добро го знаат. Македонија е многу посилна отколку што тоа си го замисливаат антизападните Груевски, Мицкоски и Бачев. Македонија ќе биде членка на ЕУ и НАТО. Македонија оди напред и враќање назад нема! Осудениот криминалец Никола Груевски нема да побегне од правдата. ќе ја одлежи казната за којашто е осуден и за сето зло што и го направи на Македонија“, стои во соопштениото на СДСМ.

Споделување со вашите пријатели: