СДСМ: Мицкоски се сведе на портпарол на Бачев

СДСМ: Мицкоски се сведе на портпарол на Бачев
Христијан Мицкоски не само што му се приклучи туку и самиот се сведе на портапол на Јанко Банчев, додека им слугува на неговите антизападни шефови против НАТО и ЕУ. Ова е ново дефинирање на антизападниот Мицкоски откако јасно се позиционираше против државните интереси, против напредокот, против членството на Македонија во НАТО и ЕУ, се вели во соопштението на СДСМ.

„Од темната страна се деструктивците од минатото, Мицкоски, Бачев и антизападното раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат Македонија да биде блокирана, заглавена, да нема иднината, да не биде дел од НАТО и ЕУ. Од другата страна се граѓаните и нивните интереси за подобар живот, СДСМ, коалицијата, парламентарното мнозинство и прогресивните сили кои сакаат Македонија да оди напред, да биде членка на ЕУ и НАТО. Антизападниот пион, Христијан Мицкоски денеска конечно призна дека ќе стори се Македонија да не влезе во НАТО и ЕУ.Ама граѓаните се поголеми од него, од неговата омраза, од неговите поделби, од неговите црнила“, се наведува во соопштението.

Според СДСМ  Македонија е далеку поголема од антизападните маргиналци како Мицкоски, Бачев и  раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Македонија ќе продолжи да оди напред, Македонија ќе биде членка на ЕУ и НАТО колку и тоа да не му се допаѓа на Мицкоски.

Споделување со вашите пријатели: