Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Иако имате грст нови идеи и доаѓате во позиција на лидер, денес ќе треба многу да внимавате како ќе ги реализирате проектите: не дозволувајте си да бидете однесени од светската слава на ниво на жабарник, туку играјте зрело и вратете ги работите во нормала. Можеби ќе треба време, но вреди да се проба.

БИК: Најдобро ќе биде да ѝ завртите грб на глувчешката трка и да го покажете својот авторитет користејќи ги информациите со важен карактер. Ова е ваше време пријатели и планетите од Јарец ќе ја потврдат вашата дисциплинирана моќ. Месечината од Риби ве повикува на умереност и романса. Уживајте во љубовта.

БЛИЗНАЦИ: Се прашувате зошто патот пред вас е лизгав и до кога ќе треба да балансирате за да ја покажете својата вредност. Насмејте се малку и дозволете ѝ на интуицијата да ве однесе до саканата цел. Нема потреба од црно-бело размислување ниту за резервиран став. Сите сме тука еднакви. Реципроцитет.

РАК: Да не си мислевте, можеби дека парите растат на дрво? Дури дека можеби се закопани во нечиј подрум и можеби сте во право пријатели. Сè што ви треба е вистинската личност која што ќе инвестира во вашите проекти. Нема потреба да мислите дека ќе пројдете без последици, кармата е... брза! Извинете се сега.

ЛАВ: Можеби мислите дека борбата е изгубена, кога само гледате само еден аспект од неа. Да, некоја харизматична жена ги чува клучевите за вашето напредување и ќе треба да се потпрете на неа како дете врз родител. Бидете спокојни, ова е убав период за растење и љубов. Негувајте ја својата креативност.

ДЕВИЦА: Не сè што светка е злато: бидете прибрани и чујте ги советите од некоја помлада личност која што ви укажува како да ги финиширате идеите со артистичка нота. Нема потреба да експериментирате, ниту да ги откривате сите свои планови. Ова е ден кога треба да напишете подобро сценарио или книга.

ВАГА: Можеби се соочивте со одредени консеквенции од претходно направени договори, а сега треба да продолжите напред. Ако сте крути или работите со такви луѓе, нема да постигнете ама баш ништо! Доколку се сетите дека работите може да ги погледнете низ друга перспектива, ќе напредувате. Чувајте ли тајни?

СКОРПИЈА: Нема потреба да изигрувате жртва и да се правите како ништо да не знаете - Венера во Стрелец ги открива вашите сите претходно направени договори. Затоа пријатели, бидете разумни и најдете начин како да дојдете до договор. Месечината од Риби ќе ги поддржи вашите напори и ќе бидете среќни. Избори.

СТРЕЛЕЦ: Нема време за евоцирање на спомени, празниците се минато, отрезнете се и вратете се во грубата реалност. Да, можеби некаде избрзавте и пречекоривте терен, но тоа ви донесе огромно знаење, кое ќе треба да го ставите во функција: после препелкање, нема каење! Бидете разумни, вие не сте султан. Ниту дете.

ЈАРЕЦ: Вашата вечна глума дека не знаете што се случува наоколу нема да ви биде од корист. Сетете се дека мечот има две острици: сече еднакво на двете страни, па така и зборот. Време е да стиснете заби и да си признаете каде погрешивте: ќе имате среќа бидејќи комуникацијата ќе се одвива брзо и конструктивно. Зреете.

ВОДОЛИЈА: Во сета оваа лудница, се чини дека гласот на разумот владее само кај вас: како да пеете во хор и се обидувате да се наштимате со другите. Бидете непристрасни и храбри и добро избирајте кој совет ќе го земете за валиден. Вие го имате потребното искуство за да ја завршите оваа ситуација. Намалете тон.

РИБИ: Зборови, ли се зборови, многу маки искажани: како да останете на страна и непристрасни? Не повлекувајте се во својот свет, не е важно што сте повредени. Сетете се на театарските маски: едната е секогаш насмеана, а другата тажна. Која ќе ја одберете вие? Разбудете го сочувството во своето срце и ќе успеете.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]

Споделување со вашите пријатели: