Рафиња може да ја продолжи кариерата во Фламенго

Рафиња може да ја продолжи кариерата во Фламенго
Одбранбениот фудбалер на Баерн Минхен, Рафиња може да ја продолжи кариерата во Фламенго.

Според Билд, 33-годишниот Бразилец ги завршува преговорите со Фламенго, со кого речиси се согласил на договор.

Претходно,Рафиња изјавуваше дека ќе си замине од германскиот шампион во текот на летото кога му истекува неговиот сегашен договор.

Во текот на изминатите осум сезони, Рафиња во Баерн одигра 225 натпревари, но во последно време не игра редовно.

Споделување со вашите пријатели: