Видео од моментот кога Македонија обезбеди историски пласман на Европското одбојкарско првенство

Видео од моментот кога Македонија обезбеди историски пласман на Европското одбојкарско првенство
Македонската репрезентација во одбојка вчера испиша историја, откако првпат обезбеди учество на европско првенство.

„Жолто-црвените“ вчера со 3-0 (25:21, 25:20, 25:21) ја победија Унгарија и како една од петте најдобри второпласирани селекции во групата, се пласираа на континенталниот собир кој ќе се игра од 12-29 септември оваа година во 4 земји – Белгија, Франција, Холандија и Словенија.

Во продолжение погледнете го видеото од последниот поен на македонската репрезентација против Украина:

Нашите одбојкари, поттикнати од другите денешни резултати кои ни одеа во прилог, беа исклучително мотивирани и без проблеми ја совладаа селекцијата на Унгарија во СРЦ „Кале“.

Најдобар кај нашиот тим беше Ѓорѓиев со 17 поени, Љафтов заврши со 14 поени, додека Манџуков помогна со пет.

Споделување со вашите пријатели: