Поради инаетот на Трамп: 800 илјади вработени во сојузната Влада не примаат плата

Поради инаетот на Трамп: 800 илјади вработени во сојузната Влада не примаат плата

САД- Откако нагло го прекина состанокот со демократските лидери во Белата куќа за финансирање на ѕидот на границата со Мексико, американскиот претседател Доналд Трамп одлучи сам да се увери каква е состојбата на границата со Мексико.

Трамп претходно изјави дека го напуштил состанокот за финансирање на ѕидот на границата на САД со Мексико со демократските конгресни лидери, затоа што тоа е „целосно губење време“, додека демократите наведоа дека тој излегол во „настап на гнев“.

Трамп синоќа во Белата куќа се сретна со конгресните лидери меѓу кои имаше и двајца високи демократски функционери – претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер, на 19-от ден од блокадата на работата на Владата која ја предизвика барањето на Трамп за 5,7 милијарди долари за изградба на спорниот ѕид.

– Прашав што ќе се случи за 30 дена ако брзо ги одблокирам работите, ќе го усвоите ли законот за погранична безбедност кој подразбира ѕид или челична ограда. Ненси одговори „Не“. Реков „тогаш догледање, ништо друго не доаѓа предвид“, напиша Трамп на Твитер.

Шумер пред новинарите рече дека Трамп излегол од просторијата откако Пелоси го одбила неговото барање за финансирање на ѕидот.

– Повторно видовме настап на гнев, затоа што не успеа во својата замисла, заклучи Шумер.

Повеќе од две недели 800.000 вработени во сојузната Влада не примаат плата. Наскоро би можел да биде урнат и рекордот на најдолг прекин во работата на сојузната Влада во историјата на САД кој изнесуваше 21 ден, на крајот од 1995 и почетокот на 1996 година, за врема на претседателот Бил Клинтон.

Споделување со вашите пријатели: