Заев и Танасоски ќе доделат прво Одобрение за Овластен економски оператор

Заев и Танасоски ќе доделат прво Одобрение за Овластен економски оператор

Премиерот Зоран Заев и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски денеска во Владата ќе го доделат првото Одобрение за Овластен економски оператор.

Овластен економски оператор (ОЕО) е меѓународно признаена марка за квалитет, која укажува на тоа дека економските оператори во Република Македонија (производители, извозници, увозници, шпедитери, транспортери) во меѓународниот синџир на снабдување се безбедни и сигурни и дека нивните царински контроли и процедури се ефикасни и усогласени.

Овластениот економски оператор користи олеснувања во поглед на царинските контроли поврзани со безбедноста и сигурноста и/или поедноставувања пропишани со царинските пропис.

Споделување со вашите пријатели: