Потрага по исчезнатиот француски воен авион

Потрага по исчезнатиот француски воен авион
Во тек е потрага по францускиот воен авион со два пилота, што денеска за време на снежна бура исчезна од радарите во близина на границата со Швајцарија.

Во потрагата се вклучени припадници на планинската служба за спасување, на полицијата, војници, пожарникари и локални жители.

Видливоста во областа е многу мала, има густа магла и врне снег.

Портпаролката на француските военовоздухопловни сили претходно изјави дека станува збор за француски ловец „Мираж 2000Д“, кој последен пат бил забележан на радарите во планинската област помеѓу регионите Дуб и Жура.

Авионот полетал по 11 часот од база во североисточна Франција.

Споделување со вашите пријатели: