Интер го казни Икарди

Интер го казни Икарди
Капитенот на Интер, Мауро Икарди ќе биде парично казнет поради тоа што не сепојавил на првиот тренинг на тимот за календарската 2019 година.

Аргентинецот го пропушти вчерашниот тренинг, откако се врати со ден задоцнување од Аргентина, каде што ги помина божиќните и новогодишните празници.

Причината за задоцнувањето на Иркарди бил откажан лет, за кој капитенот на „неразурите“ го информирал раководството на клубот.

Сега Маурито ќе биде казнет со парична казна, како што наметнува правилникот на клубот.

Споделување со вашите пријатели: