Во Словенија секој десетти работник е странец

Во Словенија секој десетти работник е странец
Секој десетти вработен во Словенија е странец, а речиси половината од странските работници доаѓаат од Босна и Херцеговина.

Словенечката служба за статистика објави дека во октомври 2018 година во Словенија биле вработени околу 885.700 лица, што е за 0,9 отсто повеќе отколку во семптември истата година, односно 3,2 проценти повеќе од октомври 2017 година.

Меѓу вработените, околу 87.700 се странци, од кои најголемиот дел работат во градежниот сектор.

Најголем дел од нив се од Босна и Херцеговина (околу 42.600), потоа Србија (околу 10.800), Хрватска (околу 7.500) и Македонија (нешто повеќе од 6.000 лица).

Споделување со вашите пријатели: