Малта ќе им дозволи влез на мигрантите блокирани на хуманитарните бродови

Малта ќе им дозволи влез на мигрантите блокирани на хуманитарните бродови

Малта ќе им дозволи пристап на нејзина териуторија на 49-те мигранти кои од минатиот месец се блокирани на два хуманитрани брода во близина на нејзините територијални води, соопшти денеска малтешкиот премиер Џозеф Мускат.

Двата хуманитарни брода, „Си Воч 3“ и „Си Ај“ пред Нова година ги спасија 49-те мигранти во водите на Средоземното Море и од тогаш се наоѓаат близу Малта, но властите во Ла Валата досега не им дозволуваа пристап на нивна територија, сѐ додека не се изнајде решение на европско ниво за распределување на барателите на азил.

Европската Комисија со денови разговара со земјите членки за изнаоѓање решение. Според дипломатски извори во Брисел, за прием на дел од мигрантите врз основа на заеднички договор се изјасниле Германија, Франција, Холандија, Луксембург, Ирска, Романија, Малта, Португалија и Италија. Шпанија би можела исто да прифати дел од мигрантите, но потсетува дека на 22 декември веќе прифати 300 мигранти спасени од шпанска невладина организација близу Либија.

Главен камен на сопнување во овие преговори е фактот што Малта бара да бидат распоредени и дополнителни 200 мигранти, спасени и прифатени на нејзина територија минатиот месец.

Германските хуманитарни организаци кои менаџираат со двата брода вчера ги повикаа земјите на Европската унија итно да ги прифатат 49-те мигранти, предупредувајќи дека нивната здравстевна состојба се влошува.

Невладините организации соопштија дека морале да воведат штедење на водата за пиење на бродовите, прашувајќи „дали некој од мигрантите треба да почине за да се најде решение“.

Споделување со вашите пријатели: